За време на претстојниот викенд има најава за два вонредни настана, кои би влијаеле на одвивањето на сообраќајот во Скопје. Едниот е најавен за в сабота, на 21 јуни, со почеток во 21 часот, на Националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одржи концерт на Жељко Јоксимовиќ. Според најавите, интересот на граѓаните за присуство е голем поради што сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
В недела, на 22 јуни, во рамките на одбележувањето на „Недела за поголема безбедност на мотоциклистите“ ќе се одржи дефиле на кое ќе учествуваат голем број возачи на мопеди и на мотоцикли од целиот град. Почетокот на ова дефиле ќе биде во 10 часот на плоштадот „Македонија“ од каде што по сообраќајниците низ општините Карпош, Центар и Аеродром учесниците на дефилето ќе се движат во услови на затворен сообраќај, односно од страна на сообраќајната полиција ќе се преземаат соодветни мерки за сообраќајно обезбедување при што ќе се обезбеди приоритет на минување на учесниците во дефилето на сите крстосници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.