Најпознатите ѕвезди во шоу-бизнисот синоќа прошетаа на црвениот тепих пред театарот „Кодак“ во Холивуд. Дамите, облечени во раскошни тоалети ги оставаа без здив присутните и гордо позираа пред фотографите.
Џесика Кристиан можеби не го освои „Оскарот“ за улогата во филмот „Тајна операција“ но сигурно ја понесе ласкавата титула за најдобро облечена дама оваа година. Триесети пет годишната Кристиан изгледаше многу елегантно во тесниот фустан на „Армани“. Џенифер Лоренс се одлучи за прекраснниот фустан на Диор во која изгледаше како убава млада невеста. Шарлиз Терон исто така одбра креација на Диор, а Ен Хетвеј облече фустан на Прада. И Селма Хајек, Сандра Булок и Џенифер Анистон прошетаа со убави фустани. Сите дами на најгламурозната ноќ решија да облечат тесни фустани кои ги нанагласуваат нивните облини или пак интересни креации кои се шират надалу.
Мажите останаа верни на традицијата. Смокинг, одело и никогаш нема да се погреши во изборот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.