Познатиот актер конечно потклекна, па судбоносното „да“ ќе ѝ го каже на неговата свршеница Амал Аламудин (36) од Велика Британија. Тој со неа ќе се венча во септември, а неговите пријатели му подготвуваат спектакуларно збогување од „слободата“. Тие веќе решиле журката пред свадбата да ја направат во еден стриптиз-бар во Санта Барбара. Иако оваа идеја не му се допаѓала на Клуни, неговите пријатели не сакале да се откажат од нивната намера. Сметаат дека ергенската вечер мора да се одбележи „традиционално“ со стриптизерки и многу алкохол, открил извор близок до „штабот“ на Клуни.
– Клуни сака ергенската вечер и свадбата да му поминат без голем публицитет. Тој постојано зборува дека неговото друштво ги чува плановите во тајност. Повеќе пати им кажал: Зар јас треба да го слушам сето тоа? Изненадете ме – навел изворот.
Актерот организацијата на венчавката ѝ ја препуштил на неговата свршеница, па, со оглед на тоа што таа е Британка, голема е можноста да се заколнат на вечна љубов во Лондон. Ни Џорџ ни Амал не сакаат венчавката да биде јавна, туку од приватен карактер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.