| четврток, 6 декември 2018 |

Димче Илиевски играше шах против 25 луѓе

Со 20 победи и 5 реми, интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски ја одигра првата симултанка во шах што во организација на општина Илинден, а во соработка со Шаховската федерација на Македонија, се одржа во Домот на култура Илинден

simultanka

Меѓу оние што успеаја да извлечат реми од интернационалниот мајстор, беше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.

2

Во Домот на култура „Илинден“ беше вистински празник на шахот. Покрај 25 шахисти што учествуваа во симултанката, Домот беше исполнет со десетици вљубеници на шахот кои што уживаа во потезите на Илиевски.

5

– Беше вистинско задоволство да се учествува на ваков натпревар, кој морам да признаам, ме изненади со добрата игра на противниците, истакна по завршувањето на симултанката интернационалниот мајстор во шах, Димче Илиевски.

4

За учеството на симултанката, градоначалникот Стојановски му врачи посебна плакета на интернационалниот мајстор Илиевски, а за поддршката во организацијата плакета и додели и на Шаховската федерација на Македонија, што ја прими секретарот на Федерацијата, Иван Кочовски.

3

Од своја страна пак, интернационалниот мајстор Илиевски, на сите 25 учесници во симултанката им додели благодарници за учеството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top