На местото на несреќата сѐ уште трае потрагата по 35 тела, објави американското Министерство за одбрана.
Воениот авион „C-124 глобмастер“ се урнал на 22 ноември 1952 година откако полетал од базата „Елмендорф“ на Алјаска во правец на американската сојузна држава Вашингтон. Превезувал 41 патник и 11 члена на екипажот.
– Лошите временски услови ја спречиле потрагата веднаш по падот. Кон крајот на октомври и почетокот на декември 1952 година екипите за трагање не испеале да го локализираат местото на несреќата, ниту да пронајдат останки од ниедна жртва – соопшти Пентагон.
Научните екипи и трагачите успеале да идентификуваат 17 војници загинати во уривањето на авионот.
– Другите жртви треба допрва да се пронајдат, а местото на несреќата и натаму ќе биде надгледувано – заклучи американското Министерство за одбрана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.