| четврток, 6 декември 2018 |

Исламска држава во Ирак и Левант ќе напаѓа во Турција

irakИсламистичката група Исламска држава во Ирак и Левант (ИДИЛ) се заканува дека „откако ќе биде заземена Сирија ќе дојде ред и на Турција“ со планови да го заземе и Истанбул, објавија турски медиуми. Предупредувањето биле упатено од Халис Бајунџук, лидер на огранокот на  ИДИЛ во Турција, кој во јануари беше приведен во полициска акција.

– По заземањето на Сирија следува Турција. Ако така сака Алах, ќе го заземеме и Истанбул, изјави Бајунџук.

За ИДИЛ Турција, како Сирија и Ирак, е „зона на џихад“, а лидерот на ИДИЛ во Турција подготвуваат големи напади во државата, најмногу во Истанбул откако ќе заврши граѓанската војна во Сирија, објави „Хаберлер“. ИДИЛ освен тоа околу две години во Турција врбува борци за џихад и планира терористички операции покажуваа документите одземени во јануарската антитерористичката операција, при што беа приведени десетина членови на групата. Зборовите на Бајунџук биле запишани на компакт-дискови одземени во акцијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top