| четврток, 6 декември 2018 |

За Веремис „национализам“ значи „популизам“

goetheПодемот на неонацистичката партија Златна зора и на другите популистички движења во Грција беа една од темите на дискусијата за обнова на демократијата погодена од економската криза, што вчера ја организираше германскиот институт Гете.

На трибината, организирана преку видео врска меѓу три града – Вашингтон, Атина и Минхен, професорот Танос Веремис од институтот ЕЛИАМЕП, кој е еден од авторите на грчката политика за непризнавање на Република Македонија под уставното име, одбегна директно да одговори на прашањето за растот на национализмот во земјата по економската криза.

– Секоја држава има свој вид на популизам. И САД имаат популизам вграден во својот систем. Но, кога популизмот се појавува во некои од европските држави, потребна му е негативна, злобна фигура, понекогаш идентификуван со радикалната десница, понекогаш со радикалната левица. Во секој случај, популизмот не е добар збор во европските земји, не потсетува на едни полоши времиња, изјави професорот Веремис.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top