Полскиот премиер Доналд Туск се закани денеска со предвремени избори доколку продолжи, како што рече, „кризата со недоверба“ во владата, по скандалот со неделникот „Впрост“. Овој варшавски неделник во својот последен број објави детали од тајно снимениот, приватен разговор во еден ресторан во Варшава, меѓу министерот за внатрешни работи Бартоломеј Сјенкјевич и гувернерот на Народната банка Марек Белка за следните парламенатерни избори во 2015 година.
Оперативци на полското контраразузнавање синоќа
Тоа предизвика бурна реакција на опозицијата, а нејзиниот лидер Јарослав Качински ја обвини полската влада дека со интервенцијата на безбеднсните служби во неделникот била извршена повреда на слободата на говорот и на изразувањето. Премиерот Туск на прес-конференција во Варшава рече дека ако недовребата кон владата се зголеми, ќе мора да се одржат предвремени избори за да се обезбеди стабилна владина позиција, но тој ги отфрли обвинувањата дека владата ја повредува слободата на говорот. Туск објасни дека Обвинителството го уверило дека целата операција во „Впрост“ била сосема легална и побра од весникот да го објави целиот приватен разговор за да се разбере за што, навистина, станува збор.
Тајно снимениот разговор е воден во јули минатата година и на него станува збор за тоа како Народната банка да ѝ помогне на владата да се соочи со високиот буџетски дефицит за на тој начин да ги зголеми своите шанси за уште една изборна победа.
Во текот на разговорот, гувернерот Белка побарал менување на тогашниот министер за финансии, што четири месеци подоцна и се случи, но премиерот Туск сега тврди дека промената на министерот „нема никаква врска“ со средбата на Сјенкјевич со гувернерот. Истрагата за објавувањето на приватната конверзација е покрената од министерот за внатрешни работи Сјенкјевич, кој во случајот е „жртва“ во новинарскиот напис.
Оперативците на тајната служба го испитувале и сопственикот на ресторанот, но засега нема други сознанија за овој новинарско-политички скандал. Доналд Туск и неговата десно-центристичка партија победија по втор пат на изборите во Полска, во октомври 2011 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


