САД ја разгледуваат можноста за комуникација со Иран за размена на информации за сунитскиот бунт во Ирак, но не планираат да работат заедно со Иран на решавање на кризата, изјави американскиот државен секретар Џон Кери. Тој истакна дека САД сакаат да знаат што мислат Иранците и Иранците да знаат што мислат Американците, поради што треба да се воспостави размена на информации. Кери истакна дека сите опции за Ирак се и понатаму на располагање на претседателот на САД, Барак Обама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


