| четврток, 6 декември 2018 |

Врнежите го намалуваат квалитетот на житните култури

пценица

Лошите временски услови и врнежите кои деновиве ја зафатија Македонија секојдневно го намалуваат квалитетот на житните култури, посебно јачменот, што ќе доведе до тоа да се редуцира приносите, но производителите, сепак, очекуваат добра жетва.

– Годинава очекуваме една од подобрите жетви. Доколку временските услови се подобрат треба да биде и надпросечна. Во спротивно, ако врнежите продолжат, ќе се намалат приносите и квалитетот што веќе се забележува – изјави денеска Огнен Оровчанец, претседател на Агро комората при Сојузот на стопанските комори.

Намалувањето на површините со пченица што го евидентира и статистиката, Оровчанец го квалификува како светски тренд.

– Намалување на површините, а зголемување на приносите е европски и светски тренд. Исто така тренд е и зголемувањето на стимулациите. И да се намалени површините, се очекува зголемен принос – напомена Огнен Оровчанец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top