Водачот на групата „Колдплеј“, триесет и седумгодиниот Крис Мартин, и триесетгодшната британска манекенка Алекса Чанг пристигнаа на аеродромот „Нарита“ во Токио со два дена разлика. Секако, нема сугестии дека тие двајца биле таму за да се сретнат, но нивните вкрстени патишта дефинитивно ги разгореа гласините околу нивното пријателство.
Тие двајца беа видени заедно во Њујорк два месеци откако Крис и Гвинет Палтроу ја објавија својата разделба по 10 години брак. Сега двајцата се фотографирани на истиот аеродром во Јапонија само еден месец откако ја негираа својата романса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.