| четврток, 6 декември 2018 |

Луксембург ги одобри браковите меѓу хомосексуалци

Луксембург усвои закон за хомосексуален брак и така ќе се приклучи во групата на десет европски дрежави што веќе го легализираа овој вид брак, пренесуваат тамошните медиуми.

luksemburg

Парламентот со мнозинство гласаше за закон според кој „ две лица од различен и ист пол можат да стапат во брак“. Законот дозволува хомосексуалните двојки да можат да посвојат деца.

Првите хомосексуални бракови ќе можат да се склучат на почетокот на 2015 година бидејќи законот ќе стапи во сила шест месеци од неговото усвојување.

Луксембург е 11 земја која ќе дозволи хомосексуален брак по Холандија, Белгија, Шпанија, Шведска, Норвешка, Португалија, Исланд, Данска, Франција и Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top