| четврток, 6 декември 2018 |

И Героски ги менува целите на бојкотот

Уредникот на весникот „Слобoден печат“ и на порталот „Плусинфо“, кој отворено ја поддржува политиката на СДСМ, ги менува целите на бојкотот, што може да се забележи од неговата псоледна колумна „Матурски испит за Заев и за Шеќеринска“.

gero-ret

Героски, кој беше еден од главните заговорници на политиката на бојкот пред и по вонредните парламентарни избори, објаснувајќи ги целите и придобивките на опозицијата доколку се реши за ваков чекор, сега ретерира од кажаното, откако премиерот Груевски и лидерот на опозицијата Заев договорија средба за почнување дијалог.

Героски, кој пред парламентарните избори тврдеше дека во услови на ваков „режим“ немале шанса да дојде до промена по пат на избори, сега вели дека власта се добива и се губи на избори, само на избори.

„Луѓе, сфатете, немаме шанси во услови на ваков режим да дојдеме до промена по пат на избори. Фер избори може да организира само техничка влада, со силен меѓународен мониторинг. А до тоа СДСМ никогаш нема да дојде дремејќи со триесеттина пратеници во парламентот и глумејќи опозиција. Странците ќе бидат задоволни – имате парламент, имате опозиција, имате демократија (добро, не многу за фалење, ама секаде на Балканот е така), немате меѓуетнички проблеми. Зошто да се вознемируваат? Што ни фали?“ пишуваше Героски пред изборите.

Медиумската перјаница на СДСМ во својата најнова колумна сега никаде не споменува барање за техничка влада, туку вели дека резултат на овие преговори мора да биде политичка волја да се промени начинот на кој денес се владее во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мора да се договорат да се обноват демократски институцуии и практика

Героски пред изборите пишуваше дека нема друг излез освен СДСМ да ги напушти институциите на системот, тврдејќи дека со тоа СДСМ само ќе добие, ништо нема да загуби.

„Одлуката на СДСМ за бојкот на парламентот е исправна и корисна. Не, таа не ја комплицира, туку напротив, ја поедноставува политичката ситуација. Власта и нејзините мегафони сега ќе се потрудат да ја ’делегитимираат‘ одлуката на опозицијата за делегитимирање на изборите и да покажат дека СДСМ се распаѓа. Одлуката за бојкот ентузијастички нема да ја прифати и меѓународниот фактор. Токму затоа, сега е време опозициските лидери да демонстрираат решеност, доследност, самоувереност и единство. И мора да издржат. Деновиве тие ќе донесуваат крупни одлуки. Им посакувам да бидат умни и креативни и да ги води чувството дека нивната одлука е зрела, историски оправдана и во интерес на граѓаните на Република Македонија“ пишува Героски во колумна објавена на 27 април.

Новинарот сега ги менува целите на бојкотот, никаде не споменува напуштање на институциите, туку го советува ракководството на СДСМ да преговара „крајно принципиелно, многу цврсто и умно“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top