| четврток, 6 декември 2018 |

Пукотници во скопско Студеничани

img-gun-drive-by

фото илустрација

Вчера попладне околу 18.30 часот, во скопското село Студеничани, непознат сторител од патничко возило од автоматско оружје пукал кон куќата на Д.М.(62), при што дел од проектилите завршиле во внатрешноста на куќата, но нема повредени лица.

Извршен е увид на местото на настанот и се подигнати чаури за вештачење.

Од извршен разговор со оштетениот, тој посочил неколку лица како можни сторители, се преземаат мерки за откривање на истите и целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top