| четврток, 6 декември 2018 |

Црвен картон за местењето

Од 12 ју­ни до 13 ју­ли на Свет­ско­то пр­венс­тво ќе се бие би­тка за бо­до­ви, за по­бе­ди, за вред­ни­от тро­феј на ФИ­ФА, но ќе има и вир­ту­ел­на игра на нер­ви ме­ѓу фуд­бал­ска­та ма­фи­ја и лу­ѓе­то за­дол­же­ни да ги спре­чат ла­жи­ра­ња­та на ју­би­леј­ни­от, 20. мун­ди­јал

Ме­ѓу­на­род­на­та фе­де­ра­ци­ја на фуд­бал­ски­те асо­ци­ја­ции (ФИ­ФА) е под­го­тве­на за би­тка­та за чист мун­ди­јал во Бра­зил, пред сѐ, на по­ле­то на ре­гу­лар­но­ста, без ла­жи­ра­ње и сом­ни­тел­ни ре­зул­та­ти. Ју­би­леј­но­то, 20. из­да­ние на Свет­ско­то пр­венс­тво во зем­ја­та ка­де што фуд­ба­лот се це­ни и чув­ству­ва на по­се­бен на­чин зас­лу­жу­ва спе­ктакл без не­чес­ни ра­бо­ти.

Се­пак, ако се це­ни спо­ред под­го­тви­тел­ни­те нат­пре­ва­ри, би­тка­та ќе би­де те­шка. Очиг­лед­но, на го­товс е и дру­га­та стра­на, фуд­бал­ска­та ма­фи­ја ко­ја вр­ти ми­ли­јар­ди до­ла­ри и евра од на­ме­сте­ни нат­пре­ва­ри. На ни­шан е ек­стра-сом­ни­тел­ни­от меч ме­ѓу Шкот­ска и Ни­ге­ри­ја, кој за­вр­ши со ре­зул­тат 2-2, ис­ход на кој мно­гу­ми­на пре­ду­пре­ду­ваа уште пред да поч­не при­ја­тел­ска­та прес­ме­тка ме­ѓу овие две се­лек­ции.
Игра­та на го­ло­ви е оми­ле­на кај об­ло­жу­ва­чи­те, но и кај тие што ги ме­стат нат­пре­ва­ри­те. Не мо­ра да се пра­ви сце­на­рио за по­бе­да на еден од со­ста­ви­те, важ­но е са­мо да се пол­нат мре­жи­те.

– Да на­ме­сти­те ре­зул­тат е мно­гу по­те­шко од сце­на­ри­о­то да има или да не­ма го­ло­ви на еден меч. За ис­ход по жел­ба на фуд­бал­ска­та ма­фи­ја тре­ба да се ан­га­жи­ра­ат по­ве­ќе игра­чи од два­та ти­ма или ре­пре­зен­та­ции, што е пос­ло­же­но. За го­ло­ви тре­ба да по­тку­пи­те по­мал­ку фуд­ба­ле­ри и тоа е по­лес­но. Ток­му на тоа по­ле најм­но­гу ра­бо­ти­ме за да се спре­чи евен­ту­ал­но­то ме­сте­ње на Свет­ско­то пр­венс­тво во Бра­зил. Се под­го­тву­вав­ме дол­го вре­ме и ве­ру­вам де­ка ќе од­го­во­ри­ме на сло­же­на­та за­да­ча, да се игра чес­но и да не­ма сом­ни­тел­ни ре­зул­та­ти – ве­ли Ралф Муч­ке, шеф на Спе­ци­јал­на­та ко­ми­си­ја за си­гур­ност во ФИ­ФА. Тој е по­ра­не­шен член на Ин­тер­пол ка­ко по­ли­ци­ски офи­цер и од­лич­но ја поз­на­ва со­стој­ба­та на об­ло­жу­вач­ки­от па­зар. Осо­бе­но на та­ка­на­ре­че­ни­от црн па­зар во дел од зем­ји­те во Ази­ја.

 

Фуд­бал­ска­та ма­фи­ја (не) чу­ка на пор­ти

Фуд­бал­ска­та ма­фи­ја, осо­бе­но во Ази­ја, е на го­товс. И тие се под­го­тве­ни за до­бра пе­чал­ба од фуд­бал­ски­от тур­нир во Бра­зил, кој ќе трае цел ме­сец. Од 12 ју­ни до 13 ју­ли на ста­ди­о­ни­те ќе се бие би­тка за бо­до­ви, по­бе­ди, плас­ман на­та­му и за вред­ни­от пе­хар на ФИ­ФА, а зат­скри­е­но, над­вор од зе­ле­ни­от те­рен, важ­на би­тка ќе се бие за че­сен мун­ди­јал.

– Не оче­ку­ва­ме ор­га­ни­за­то­ри­те на ла­жи­ра­ња­та да дој­дат во Бра­зил и да чу­ка­ат од вра­та на вра­та кај игра­чи­те или кај су­ди­и­те. Тие има­ат по­со­фи­сти­ци­ра­ни ме­то­ди. Ги зна­ат сла­би­те точ­ки на се­кој играч и су­ди­ја, но ги зна­е­ме и ние. Имав­ме по­се­бен со­ста­нок со си­те ар­би­три пред по­че­то­кот на шам­пи­о­на­тот. Ги за­поз­нав­ме со си­ту­а­ци­ја­та и со на­ша­та ре­ши­тел­ност за нул­та то­ле­ран­ци­ја за ла­жи­ра­ња­та. Исто е со си­те учес­ни­ци на мун­ди­ја­лот. Не­ма да има по­пуст за ни­ко­го ако се открие учес­тво во не­чес­ни ра­бо­ти – ве­ли Муч­ке.

ФИ­ФА ги ло­ци­ра­ше мож­ни­те цр­ни точ­ки за ме­сте­ње нат­пре­ва­ри на СП во Бра­зил. Иа­ко не се дел од мун­ди­ја­лот, ту­ка се вклу­че­ни и под­го­тви­тел­ни­те нат­пре­ва­ри.

Одре­де­ни игра­чи, ре­пре­зен­та­ции и гру­пи на мун­ди­ја­лот се оз­на­че­ни ка­ко ран­ли­ви ка­те­го­рии за ме­сте­ње нат­пре­ва­ри. Муч­ке и не­го­ви­от тим осо­бе­но ќе би­дат вни­ма­тел­ни за пос­лед­но­то ко­ло во фа­за­та по гру­пи. То­гаш мо­же да би­дат поз­на­ти мно­гу ра­бо­ти, па да се кал­ку­ли­ра со ре­зул­та­ти­те. Во ми­на­то­то има­ло мно­гу сом­ни­тел­ни ис­хо­ди во оваа фа­за, што си­гур­но ќе го вклу­чи алар­мот и овој пат. Уште се па­ме­ти ис­па­ѓа­ње­то на моќ­на­та Ита­ли­ја по не­чес­на­та „скан­ди­на­вка“ на Швед­ска и Дан­ска на ЕП. Со­се­ди­те од се­ве­рот на Евро­па оди­граа 2-2, ре­зул­тат што со­вр­ше­но им од­го­ва­ра­ше на две­те се­лек­ции на ште­та на Ита­ли­ја, ко­ја ис­пад­на.

Во ми­на­то­то и на свет­ски­те пр­венс­тва има­ло сом­ни­тел­ни нат­пре­ва­ри, ис­хо­ди и сце­на­ри­ја, но се­га во це­ла­та ме­ша­ни­ца се вклу­чи­ја и об­ло­жу­вал­ни­ци­те. Се вр­тат огром­ни па­ри, а Муч­ке ве­ли де­ка ре­чи­си се зна­ат и су­ми­те за по­тку­пу­ва­ње.

– Има­ме пре­циз­ни ин­фор­ма­ции де­ка на фуд­ба­ле­ри им се ну­дат су­ми од по 20 ил­ја­ди до­ла­ри и тоа вед­наш за да учес­тву­ва­ат во ме­сте­ње нат­пре­ва­ри – ве­ли ше­фот на ко­ми­си­ја­та што тре­ба да би­де најз­на­чај­ни­от бе­дем за че­сен тур­нир во Бра­зил.

Де­ка тоа не се праз­ни збо­ро­ви до­каз е и сним­ка­та на ко­ја ме­ше­тар, кој се прет­ста­ву­вал ка­ко фуд­бал­ски агент, се фа­ли де­ка за су­ма од 100 ил­ја­ди евра мо­же да ис­це­ни­раат пе­нали на дел од ме­че­ви­те во Бра­зил, вклу­чу­вај­ќи ги и тие од под­го­тви­тел­ни­от пер­и­од.

Ци­фри од кои бо­ли гла­ва, ма­фи­ја­та пре­ку спор­тот пер­е по 85 ми­ли­јар­ди до­ла­ри го­диш­но

Су­ми­те што ги вр­ти фуд­бал­ска­та ма­фи­ја се огром­ни, а се шпе­ку­ли­ра де­ка во си­те спор­то­ви го­диш­но се пер­ат око­лу 85 ми­ли­јар­ди до­ла­ри пре­ку не­ле­гал­но об­ло­жу­ва­ње. Не се жа­лат и тие што ра­бо­тат ле­гал­но. Бри­тан­ски­те об­ло­жу­вал­ни­ци што има­ат го­ле­мо ре­но­ме оче­ку­ва­ат уп­ла­ти од око­лу ед­на ми­ли­јар­да фун­ти вкуп­но за це­ли­от тур­нир. За Ази­ја, ка­де што има огро­мен по­дем во об­ло­жу­ва­ње­то, се пред­ви­ду­ва де­ка тол­ка­ва су­ма мо­же да се за­вр­ти за са­мо еден меч од шам­пи­о­на­тот.

– Ре­ал­но, за мун­ди­ја­лот ќе им би­де мно­гу по­те­шко и на шпе­ку­лан­ти­те, на тие што ќе са­ка­ат да за­ра­бо­тат на не­че­сен на­чин пре­ку ме­сте­ње. Се знае де­ка кон­тро­ла­та ќе би­де на мно­гу ви­со­ко ни­во. Но, тие не­ма да се отка­жат. Се­пак, мис­лам де­ка им е по­лес­но да се оби­дат да ме­стат во те­кот на се­зо­на­та, осо­бе­но во по­ма­ли­те зем­ји, ка­де што фуд­бал­ски­те шам­пи­о­на­ти не мо­жат да се за­шти­тат пот­пол­но од тие што ла­жи­ра­ат – ве­ли Крис Итон, прет­ход­ни­кот на Муч­ке на од­го­вор­на­та по­зи­ци­ја за спре­чу­ва­ње на фуд­бал­ски­от кри­ми­нал со ме­сте­ње нат­пре­ва­ри.

Па­ри­те што мо­жат да се за­ра­бо­тат на не­че­сен на­чин ќе би­дат дви­жеч­ка си­ла на ма­ши­не­ри­ја­та за ла­жи­ра­ње. И Свет­ско­то пр­венс­тво во Бра­зил ќе би­де на иску­ше­ние, а клуч­на уло­га за да не се по­вто­рат „скан­ди­нав­ска­та“ епи­зо­да и уште мно­гу дру­ги сом­ни­тел­ни ис­хо­ди на го­ле­ми­те фуд­бал­ски нат­пре­ва­ру­ва­ња ќе има­ат са­ми­те акте­ри на нат­пре­ва­ри­те. Од фуд­ба­ле­ри­те, се­ле­кто­ри­те и од су­ди­и­те за­ви­си да­ли фуд­бал­ска­та ма­фи­ја ќе оста­не со праз­ни ра­це и дали ќе има че­сен мун­ди­јал за ра­дост и ужи­ва­ње на си­те сим­па­ти­зе­ри на нај­важ­на­та спо­ред­на ра­бо­та на пла­не­та­та.

 

(Пишува: Зоран Поповски
Текст објавен во 93. број на неделникот „Република“, 13.06.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top