| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарци повторно ќе возат „нисан“

По успешната соработка во сезоната 2013/2014 меѓу РК Вардар и „Нисан“ (NISSAN), „Аутомотив груп“ и Вардар се договорија да го продолжат договорот и за следната сезона како и да ја прошират својата соработка со третопласираниот тим во ЛШ во женски ракомет, ЖРК Вардар.

Вардар е амбициозен проект којшто допрва ќе го освојува европскиот ракомет во машка и женска конкуренција, затоа сметаме дека соработката со еден гигант во автомобилската индустрија како што е „Нисан“ одговара на стратегијата на нашиот клуб, кој секогаш има амбиции за подобри резултати и се стреми кон нови успеси – изјави директорот на РК Вардар, Давор Стојаноски.

image001

Ракометот е број еден спорт во Македонија кој го следат и поддржуваат најголемиот број македонски навивачи. Верните навивачи на Вардар и ракометните љубители секојдневно очекуваат информации за својот клуб и сѐ што е поврзано со него, нивниот следен потег, нови засилувања, нови амбиции. Токму таа енергија ја има „Нисан“ на светскиот пазар. Тоа е бренд кој ги создава трендовите, бренд кој освојува, иновација која возбудува. „Нисан“ е азискиот број еден во Европа и неговото место е помеѓу најуспешните. Со задоволство ја продолжуваме и прошируваме нашата соработката со амбициозни и успешни клубови како РК Вардар и ЖРК Вардар – изјави Симона Николовска, лице одговорно за односи со јавност на „Аутомотив груп“.

slika 1 nissan i vardar

Женскиот и машкиот ракометен клуб Вардар минатата година забележаа врвни успеси како во домашните и регионалните лиги, така и на меѓународна сцена.

„Аутомотив груп“ се одлучи да влезе во македонскиот клубски ракомет согласно стратегијата на „Нисан“ да поддржува спортови важни за пазарите каде освојува.

На Европско ниво, почнувајќи од сезоната 2014/2015, „Нисан“ e официјален превозник на најважното натпреварување Лигата на шампионите на УЕФА во наредните четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top