| четврток, 6 декември 2018 |

„Докторот не ми се насмевна“ – претставка до Лекарската комора

лекарска комораЛекарот што ме прегледа воопшто не беше љубезен. Не ми се насмеа. Вака гласи претставката на пациент доставена до Лекарската комора за услугата што ја добил во примарното здравство, пренесува Здравство24.мк. И покрај фактот што претставката нема основа од причина што не е јасно прецизирано зошто лекарот не се насмеал и дали пациентот не е тој што ја предизвикал нељубезноста на здравствениот работник, ЛКМ мора да направи вонреден надзор во ординацијата. За таа цел мора да формираат и комисија која ќе оди во контрола. Финансиски трошоци за дело кое реално нема основа. Оваа претставка е една од 12. кои само за овие 5 месеци стигнале до Лекарската комора.

Од ЛКМ за порталот велат дека имаат премногу работа со овие претставки кои се големо оптоварување бидејќи голем број од нив и немаат повод за спроведување надзор. Но, ЛКМ е должна да го направи тоа со измените на законот од 2013 година. Порталот посочува дека целта на пациентите е да пробаат дали ќе можат да искористат нешто. За да се растовари работата на ЛКМ, тие побарале од здравствените власти формирање на тело кое ќе прави селекција на претставките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top