Темни и тешки облаци надвиснаа над Скопската Котлина, па претпладнево личи на ноќ. Дождот, грмежите и невремето кои со денови владеат низ земјава, не престануваат ни денеска.
Покрај вренежите, попладнево се очекува и засилен ветер и влошување на навремето.
Првото благо разведрување, а потоа и зголемување на температурата, се очекува од сабота.
Дотогаш, дневната температура низ земјава ќе достигнат до 27 степен, а во Скопје ќе се движи околу 20. степен.
Фото: Игор Ангеловски (Република)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.