Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар информираат дека, поради временските услови и најавите за дождливо време, мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ се презакажува за понеделник, 23 јуни 2014 година, со почеток во 21 часот. Локацијата останува непроменета, Градски парк.
– Дождливото време и влагата претставуваат проблем за инструментите поради што сме принудени да почекаме да се подобри временската прогноза за да може оркестарот непречено да ја изведе предвидената програма. Исто така, сакаме што е можно повеќе граѓани да уживаат во настанот, а доброто време е предуслов за добра посетеност – изјавува директорката на македонската филхармонија, Маја Чанаќевиќ.
Мултимедијалниот спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ се одржува по седми пат, и оваа година Македонската филхармонија под диригентската палка на Мартин Пантелеев ќе изведе програма наловена „Со танц низ светот“, а пак на огромни платна покрај сцената својата инспирација од музиката ќе ја пренесат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов. Присутните граѓани ќе добијат и примерок од книгата „Вита Бревис – писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин“ од норвешкиот писател Јостен Гордер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан


