Агенцијата за филм на Република Македонија, во соработка со Фестивалот на француски филм, кој се одржува во период од 18 до 22 јуни, организира продуцентски работилници на тема „Како да се реализира продукција во денешна Европа?“. Работилниците ќе се одржат во просториите на Кинотека на Македонија на 19 јуни 2014 година (четврток) со почеток во 10 часот. Најавени предавачи за работилниците се продуцентите Фредерик Бурбулон и Ален Мајор.
Воедно, во склоп на Фестивалот за креативен и документарен филм „Македокс“, кој се одржува од 14 до 20 јуни, Агенцијата организира и мастерклас на тема „Продукција“, предводен од страна на продуцентот Катриел Шори. Катриел Шори, под чиј потпис стојат над 200 долгометражни филмови, ТВ-драми и меѓународни копродукции, ќе го сподели своето искуство со сите фестивалски гости и заинтересирани продуценти од Македонија во двочасовно предавање. Кетриел во 1999 година ја презема улогата на извршен директор на Израелскиот филмски фонд и оттогаш активно го поддржува и унапредува израелскиот долгометражен филм.
Работилницата ќе се одржи на 20 јуни, во Куршумли-ан, со почеток во 11 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


