| четврток, 6 декември 2018 |

Телата на 17 жртви на авионска несреќа во Алјаска пронајдени по 60 години

53a239841b4e6.preview-620

Посмртните останки на 17 војници, кои загинале во авионска несреќа во Алјаска во 1952 година, се откриени повеќе од 60 години по трагедијата, соопшти Пентагон.

Сѐ уште се трага по 35 тела на местото на несреќата која се случила на Алјаска, се додава во соопштението.

Воениот авион С-124 Глоубмастер се урна на 22 ноември 1952 година по полетувањето од воената база Елмендорф во Алјаска на пат кон Вашингтон. Во авионот имало 41 војник и 11 члена на екипажот.

Се претпоставува дека авионот повеќе од 60 години бил заглавен во ледник и затоа останал невидлив. Леталото буквално потонало длабоко во дебелиот слој мраз, се наведува во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top