| четврток, 6 декември 2018 |

Нов земјтрес, сега на Аљаска и на Крф

zemjotres

Земјотрес со интензитет од 6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска југоисточна Аљаска.

Засега неа податоци за настрадани луѓе и нанесени материјални штети. Не е објавено предупредување за цунами.

Епицентарот бил 10 км. под морското дно, на околу 100 км. јужно од градот Порт Александер.

На 4 јанунари поради земјотрес од 7,5 степени беше издадено предупредување за цунами долж брегот на Аљаска и Канада, но разорни бранови не се формираа.

Земјотрес со интензитет од 4.0 степени според Рихтеровата скала е регистиран денеска во реонот на грчкиот јонски осторов Крф.

Според атинскиот Институт за геодинамика, епицентарот на потресот, кој се случил во 10:40 часот по локално време, бил на осум километри северно од местото Карусадес, на пет километри под дното на Јонското Море.

Утрово силен земјотрес го погоди и Чиле

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top