– Посакуваме и повикуваме опозицијата да си се врати во Парламентот, таму каде што и е местото, таму каде што треба да има дијалог и треба да се решаваат проблемите. Да седнеме и да разговараме да најдеме решение за сите проблеми, но низ дијалог, а не со тепачки, боксови, кршење чаши и не со тегнење и кинење на миркофоните, со закани, навреди, клевети и тн, како што доликува во секоја демократска земја- истакна Груесвки.
Според него, СДСМ, најпрвин направи тежок инцидент на 24 декември, за подоцна тој инцидент да го претвори во обвинување кон властите и заради тоа да ја прогласува за нелегитимна и заради нелегитимноста да се оделе на предвремени парламентарни избори.
– Луѓето гледаат дека тоа е една тешка манипулација од СДСМ. Што требаше ние да направиме на 24 декември, дали требаше да ги оставиме да го претепаат претседателот на Собранието, да го демолираат Собранието или комплетно физички да го блокираат Собранието на РМ. Јасно е дека СДСМ на тој ден имаше неуспешен обид за насилно преземање на Парламентот, а со тоа и насилно преземање на власта, кој беше неуспешен. Сега гледаат од сето тоа да извлечат што можат друго и да направат што може поголем хаос, смета премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



