Tурската актерка Пелин Карахан (29), која ја глуми Султанката Михрима од „Сулејман Величествениот“, во приватниот живот пред шест месеци се разведе од првиот сопруг и на 24 јуни по вторпат ќе го каже судбоносното „да“ на нејзиниот свршеник, приватниот детектив Бедри Гунтај (33).
Убавата актерка, која е бремена неколку месеци, за турските медиуми изјавила дека не сакала да се мажи со „стомак до заби“ и затоа ја забрзале венчавката само по шест месеци врска.
Таа својот иден сопруг го запознала на една забава по официјалниот развод од нејзиниот прв сопруг Едринч Бекиоглу (31), но во јавноста се шушка дека врската ја почнале неколку месеци порано.
Инаку Пелин со својот прв сопруг, кој бил тренер по фитнес и пилатес, била во брак две години, а како што се шпекулира нивниот брак пукнал поради љубовните испади на Едринч.
– Му пречеше нејзината слава, не ги поднесуваше нејзините обожаватели и ја отурка од себе. Пелин му даде неколку шанси за да се смират, но тој сѐ прокоцка – изјавиле пријателите на актерката Пелин.
Актерката во бракоразводната парница, која траела само 10 минути, се одрекла од поделбата на имотот и веќе не е во контакт со него.
Инаку, со Ердинч, кој бил првата нејзина голема љубов, се венчале во Барцелона во присуство на матичар и кумовите.
– Возрасна сум и знам што е најдобро за мене. Мојот иден сопруг е целосна спротивност од поранешниот сопруг и затоа сум уверена дека ќе успееме – изјавила Карахан во едно интервју. Таа веќе извесно време организра голема прослава на тускиот брег, а меѓу гостите ќе бидат поголем дел од актерите од „Сулејман Величествениот“. Иако сакала интимна венчавка поради бременоста таа побрзала со подготовките за свадбата.
– Ако скинато јаже го врзете во јазол, тогаш тој јазол е неговата најцврста точка. Но, таа точка најмногу ја пристиска душата – напишала актерката на социјалните мрежи.
Освен таа изјава, Пелин веќе никогаш во јавност не го споменала разводот. Со оглед на тоа што според турските закони, жена не може да се омажи повторно сѐ додека не поминат барем 300 дена од разводот, Пелин од судот во Истанбул побарала одобрување.
Судијата ѝ издал дозвола за склопување брак поради бременоста. Нејзините пријатели велат дека двојката зборувала за деца штом се запознале, но не планирале бебе олку рано. Сепак, тие се веселат за приновата бидејќи и двајцата сакаат големо и складно семејство. Таа сака да отвори пекарница за која сонува од детството.
Актерката вели дека султанката која ја прослави надвор од нејзината земја многу ја научила за врските и за љубовта. Иако конечно е задоволна и исполнета, Пелин немала идилично детство како нејзините врсници. Нејзиниот татко ја оставил нејзината мајка кога Пелин имала само 8 месеци. Се гледале повремено со татко ѝ, но никогаш не се поврзале премногу и во тинејџерските години ја прекинала врската со него.
– Ми недостигаше татковската фигура, особено во пубертетот. Не можам да му простам на татко ми што нѐ напушти кога ни беше најпотребен. Поради лошото искуство, си ветив дека кога ќе родам ќе бидам најдобрата мајка на светот – вели Пелин, која сѐ уште не знае дали ќе роди момче или девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.