Патнички автобус што сообраќал на линијата Русе- Јуделник утрово излетал од патот и удрил во бетонска ограда од фарма која се наоаѓала покрај патот, јавуваат бугарските медиуми.
На местотот на несреќата веднаш биле испратени четири возила на Брза помош и полициски екипи и пожарникари. Повредени се 18 патници и возачот, за среќа сите се надвор од животна опасност.
Најсериозна е состојбата на возачот кој бил притиснат при ударот. Поради што пожарникарите го сечеле лимот на автобусот за да го извлечат.
Како што јавуваат медиумите во Бугарија, се претпоставува дека возачот одеднаш му се слошило и ја загубил контролата над возилото.
Дел од патниците веднаш по несреќата биле префрлени во друг автобус и продолжиле кон Русе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Голема трагедија во Индија: Автобус падна во канал, најмалку 25 лица загинаа
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Нема учебник по историја во Македонија за кој Бугарите немаат забелешка!