Македонската компанија за визуелни ефекти „Фх3х“ освои уште еден „Оскар“ , трет во нивната кариера, и тоа за визуелни ефекти, откако синоќа на доделувањето на најпрестижните филмски награди филмот „Животот на Пи“ ја доби статуетката во оваа категорија. Филмот „Животот на Пи“ е најуспешен филм на годинешното доделување на „Оскарите“ откако доби четри и тоа за режија, кинематографија, визуелни ефекти и оригинална филмска музија, а македонската компанија „Фх3х“ учестуваше во изработката на визуелните ефекти.
– Добивањето на „Оскар“, трет досега за нас е уште еден доказ дека она што го работиме, го работиме добро. Со „Оскарот“ си докажуваме пред јавноста дека сме добри во она што најдобро знаеме да го правиме – изјави Миливоје Ѓорѓевиќ, еден од основачите на „Фх3х“.
Македонската компанија за продукција на визуелни ефекти и анимација за играни филмови и рекламни спотови „Фх3х“ е пример за успешна фирма во која основачите Миливоје Ѓорѓевиќ и Кристијан Даниловски верувале во својот сон и со години го живеат. Компанијата е формаирана во 1997 годна од нив двајца, а сега веќе брои 115 вработени, зад себе има редица успешни проекти,имаат работено во тимот кој доби „Оскар“ за „Ранго“ за најдобар цртан филм и за „Златниот компас“ за визуелни ефекти, номинација за наградата „Еми“, за љубителите на научно-фантастичните филмови треба да се изводи тимот на режисерот Џорџ Лукас за кого Ѓорѓевиќ вели дека е задоволство да се соработува.
– Една четвртина од вработените во нашето студио учестуваа во изработката на визуелните ефекти на „Животот на Пи“. Останатите работеа на другите проекти, бидејќи на „Оскарите“ имавме уште два филма на кои работевме – „Клетници“, „Прометеј“, исто така номинирани за визуелни ефекти – додаде Ѓорѓевиќ.
Долга е листата на филмови за кои Фх3х ги креирале визуелните ефекти. Нивната работа опфаќа креирање на визуелни ефекти на веќе снимен материјал. „Авијатичарот“ е прв холивудски филм на кој работеле. За „Ранго“ и за „Златниот компас“беа во тимот кој доби „Осакр“ за визуелни ефекти, работеа и на „Трансформери 3: Темната страна на месечината“ кој исто така беше номиниран за најпрестижната награда, имаа номинација за наградата „Еми“ за „Патот до 11 септември“, а освен „Животот на Пи“ се и: „Гневот на титаните“, „Црвени опашки“, „Јас сум број четири“, „Шерлок Холмс: Игра на сенки“, „Последниот владетел на вековите“, „Притаено зло: задгробен живот“, „Терминатор: Спасение“, „Срце од мастило“, „Точка на гледање“, потоа македонските „Сенки“ и „Мајки“ на Милчо Манчевски, како и македонскиот кандидат за „Оскар“ „Трето полувреме“ на Дарко Митревски.
Во 2011 ја добија наградата „Нов европски шампион за 2011“ за претприемаштво. Наградата е за уважување на достигнувањата на меѓународниот пазар организирана од Варшавската економска школа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал
-
Михајло Куфојанис и Марија Ѓошевска ги добија наградите на Сојуз на музички уметници на Македонија