| четврток, 6 декември 2018 |

Дeсет милиони долари од САД за Киев за борба против корупцијата

Агенцијата за меѓународен развој, која е формирана во рамки на Стејт департментот, ќе ѝ испрати на Украина дополнителна финансиска помош во вредност од 10 милиони долари за борба против корупцијата.

Властите во Киев биле информирани за донесената одлука од директорот на Агенцијата, Раџив Шах, кој се наоѓа во посета на Украина.

Средствата ќе бидат наменети за обезбедување правда и транспарентност на судскиот систем, за транспарентност при државните набавки и за регулирање на енергетскиот сектор, како и за подобрување на отчетот на надлежните лица.

Шах се сретнал со украинскиот премиер Арсениј Јацењук, при шти биле разгледани американските напори за привлекување инвестиции за украинската економија, како и за поддршка на антикорупциските активности на Киев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top