Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот против пушење на јавни места кој што ќе важи од јуни. Федералниот закон е усвоен на почетокот на овој месец, а со него во руското законодавство се интегрираат барањата на рамковната конвенција на Светската здравствена организација за борба против пушењето, која е ратификувана од Русија во 2008 година, се наведува во соопштението.
Со новиот акт се регулира „заштита на здравјето од влијанието на чадот од цигарите врз околината и од последиците со нивната употреба“.
Законот им забранува на тутунските компании да организираат лотарии и да спонзорираат манифестации. Освен тоа, кутиите со цигари повеќе нема да бидат изложени на излози и штандови, туку таму ќе се наоѓаат само ценовници на овие производи. Забраната, исто така, важи и за електронските цигари и за тутунот за жвакање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.