Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со поројни врнежи и грмежи, како и засилен ветер, особено во попладневните часови.
Локално се можни поинтензивни процеси со изолирана појава на град и електрични празнења.
Температурата ќе се движи од 17 до 21 степен. Во Скопје слично време, со температура до 21 степени.
В петок и в сабота врнежите ќе бидат локализирани, во западните делови од земјава, а целосна стабилизација на времето со пораст на температурата се очекува од недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.