Јаболков оцет, зелен чај и кокосово масло? Во колку водичи за брзо слабеење сте се сретнале со наведените напитоци? Совршени за детоксикација, најдобри сојузници во борбата против килограмите…Но, дали е баш така? Токму заради фактот дека е денес тешко да се раздвојат фактите од лагите, одлучивме малку подетално да ве воведеме во она што е вистина.
Јаболков оцет
После голем број студии, утврдено е дека е пожелно пред ручек или воопшто било какво консумирање на храна да се испие супена лажица јаболков оцет, што ќе резултира со тоа што побргу ќе се заситите и ќе изедете помалку од вообичаеното. Една од студиите која е објавена во Journal od Functional Foods дошла до заклучок дека само мала доза на јаболков оцет му помага на вашиот организам веднаш да добие доза „шеќер“. Од друга страна, консумирањето на јаболков оцет кој е екстремно кисел, може, може да го изиритира грлото и да го оштети забниот плак.
Зелен чај
Кај зелениот чај нема многу филозофија. Тој е моќен антиоксиданс и крајно препорачлив во борбата против килограмите, но и против чувството на исцрпеност. Имено, во една студија која е објавена во American Journal of Clinical Nutrition, испитаниците кои пиеле зелен чај секојдневно, во текот на три месеци изгубиле неколку килограми и повеќе маснотии отколку групата која консумирала чај без ектстракти на зелен чај. Зошто: Зелениот чај е богат со катекин, посебен антиоксиданс кој се бори против рак и воспаленија, но и со маснотиите. Накусо: катекинот може да ви помогне побрзо да ги согорите калориите и маснотиите.
Kокосово масло
Неколку студии дошле до заклучок дека консумирањето на само 30 мл кокосово масло во период од еден до четири месеци може и тоа како да користи, односно, можете да симнете неколку сантиметри во половината. Кокосовото масло е богато со заситени масни киселини (оние кои се далеку поздрави од тие што се наоѓаат во млечните производи и месото), но исто така има и екстремен број на калории – околу 115 калории во една супена лажица.
Извор: Убавина и здравје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.