Ограбена е црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во стариот дел на Дебар. Како што информира намесникот на Дебарската парохија Благоја Спироски, непознати сторители одзеле 4.000 денари. Насилно влегле, со употреба на хебла,
поради што е предизвикана и поголема материјална штета.
– Кражбата денеска попладне ја забележал Никола Андоновски, член на Црковсниот одбор, кога дошол да го запали кандило. Украдени се пари и направена е поголема материјална штета, најмногу на вратите, главната влезна, на тремот и втората преку која се влегува во црквата, изјави Спироски.
Допрва ќе се утврдува дали е украдено уште нешто од црквата. „Успение на Пресвета Богородица“ во септември и октовмри 2012 година беше двапати ограбена.
Одземени беа повеќе од триесет вредни икони, платнена плаштеница стара 200- 300 години и околу 15.000 денари. Црквата е од 11. век и некогаш била седиште на митрополија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.