| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме го зафати Охрид

Силно невреме со дожд, град и ветер денеска го зафати Охрид. За 15-тина минути улиците и паркинзите беа поплавени со вода.

Како што информира раководителот на Центарот за управување со кризи во Охрид Митко Темелковски, засега не се пријавени какви било штети.

– До овој момент освен едно или две јавувања за мали проблеми во функционирањето на фекалната каналзиација, други нема, изјави Темелковски.

Според него, наврнати се 17 до 18 литри на метар квадратен дожд, а количината не е загрижувачка. Јавните претпријатија се на терен, ги санираат последиците од невремето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top