| четврток, 6 декември 2018 |

Сопругот се самоубил ја оставил со долг од речиси 2 милиони долари и 7 болни деца а таа е оптимист

Приказната за Британката Вики Шенкс покажува дека мајчинската љубов е посилна од сите проблеми со кои што може да се соочи еден родител. 
Сопругот Пол во 2007-ма година извршил самоубиство, а зад себе оставил долг од еден милион и седумстотини илјади долари.

“Понекогаш едноставно сум преуморна, преисцрпена и се чувствувам како да се наоѓам во средина на огромен терен ги раширувам рацете и врискам. Но јас сум им се’ на децата, морам да бидам јака кога нема никој друг на кој би му ја додала топката. Нема друга алтернатива”, изјавила Вики.

“Се обидувам да се фокусирам на решенијата не на проблемите и секако, малку смеа од време на време многу помага”, додава Вики.
Децата како најјака страна – Насмевката на нејзиното лице најлесно можат да ја намамат нејзините деца. Ќерките Џејми (23), Мири и Лори (19), Никита (17), Кејси (20), Пипа (13) и синчето Озборн (15).
Шест деца од децата боледуваат од аутизам, две од нив имаат и церебрална парализа, а Кејси која ги нема горенаведените болести има проблем со дислексија. Никита, Лори, Озборн и Пипа аутизмот го добиле на четири години, на Озборн и Пипа церебралната парализа им го попречува движењето, додека Џејми и Мири страдаат од поблага форма на аутизам. Како што изјавува Вики, нејзините деца се храбри и водат многу продуктивни животи. Голема заслуга за тоа има и Вики, која со секој здраствен проблем на секое од децата морала да се бори на посебен начин.
“Имаше моменти кога однесувањето на Никита беше застрашувачко. Таа ќе стрчаше во куќата кон мене и ќе започнеше да ме удира. Целата бев со модринки, а таа беше полна со бес, како мало бесно животно”, раскажува Вики.
Иако одгледувањето на деца со аутизам е многу тешко, Вики изјавува дека оваа болест ги учи аутистичните децата да ги совладуваат работите во кои останатите здрави деца интуитивно се впуштаат. За Вики најважно било ќерките и синот да ги научи на граница.

По смртта на сопругот немав време за тага – “Војнички” го организирала животот на своето семејство. За се’ морала да најде време. За посети на психолози, за посети на логопед, време за работа и да го отплати поголемиот дел од долгот кој и’ го оставил сопругот.

Нејзината посветеност и истрајност ја платила со своето здравје. Престојот во болница на неколку недели за оваа жена бил неопходен, но и претежок.

Оваа битка на Вики трае речиси седум години. Тоа што ја очекува е убаво но и тешко. “Наидувам на пречки, но истовремено гледам и како моите дечиња растат, а од тоа никогаш не би се откажала, тоа е магија!” – изјавила Вики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top