| четврток, 6 декември 2018 |

Северина заврши на инфузија во Рио де Женеиро

Фудбалската лудница во Бразил целосно ја исцрпи популарната хрватска пејачка Северина.

Klix.ba пишува дека на пејачката и се слошило на аеродромот во Рио де Женеиро при враќањето во Хрватска. Веднаш и била пружена лекарска помош, а поради преморот завршила и на инфузија.

Очевидци кои ја виделе на аеродромот велат дека изгледала лошо и исцрпено. По примената инфузијата Севе се чуствувала подобро и била пуштена од болница.

– Северина е прекрасна личност, многу пријатна и забавна. На нашите навивачи им даде голема поддршка, а се фотографираше и со репрезентацијата на БиХ. Се надеваме дека ќе оздрави што побрзо, изјави за Klix.ba еден босански навивач.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top