Во среда во Кинотеката наа Македонија во Скопје ќе биде прикажан краткиот игран филм „Шумарот” на младиот режисер Изер Алиу. Филмот е во продукција на ВЕДА филмс од Скопје и Норвешката филмска школа од Лилехамер. Филмот е поддржан од Филмскиот Фонд на Македонија.Улогите во филмот ги толкуваат единаесетгодишниот Бесим Муртезани, шестгодишниот Алтин Аџани и актерот Бурхам Амити во улога на таткото.
„Шумарот“ е добитник на престижната награда „Аманда“ и е прогласен за најдобар краток филм на Интернационалниот фимски фестивал во Берген, Норвешка.
„Шумарот“ е филм на студентите од Норвешката филмска школа од Лилехамер, школа која за првпат во 2012 година ги отвори своите врати за интернационалната соработка и им даде можност на студентите своите завршнипроекти да ги работат надвор од територијата на Норвешка. Филмот е 25 минутна семејна драма за односот помеѓу синот и таткото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



