Бројот на живородените деца во 2013, во споредба со минатата година, е намален за 430 или за 1,8 отсто. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 52,3 отсто, односно на 100 живородени женски деца 109,5 се машки.
Најмногу живородени деца се од мајки на возраст од 25 до 29 години, односно 35,5 отсто, па следуваат мајки од возраст на 30-34 со 26 отсто, па мајките од 20-24 години со 22,2 отсто. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 28,4 години, а 26,6 години на првите раѓања, односно благ пораст во однос на минатата година. Генерациска година на раѓање на мајката која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1985 година.
Во 2013 година се регистрирани 25 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2.625 деца или 11,3 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



