Во бело-розова комбинација со нагласено деколте, актерката уживала во шопингот во Италија и не дозволила папараците да помислат дека пати по разводот.

56-годишната актерка уживала во убавиот ден, а лежерната комбинација решила да ја зачини со деколте. Малку шминка, средена коса и розов градник се доволни за уживање во новиот статус.

Иако погледот го крие со очила за сонце, не може да сокрие дека е среќна.

Неодамна изјавила дека од поранешниот сопруг Антонио Бандерас ќе бара старателство над нивното куче на суд. Сепак, судејќи по насмевката, изгледа дека станува збор за „пријателски“ развод.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



