| четврток, 6 декември 2018 |

Штетите од поплавите во БиХ се преку 1,5 милијарди евра

Специјален тим од Европската унија, Светска банка, ОН и од Босна и Херцеговина во кој беа 110 луѓе синоќа ја заврши проценката на штетите од поплавите во државата. Според нив штетата е над 1,5 милијарди евра, објави „Дневни аваз“.

poplava-bosna-630x420
Извор кој побарал анонимност изјавил за весникот дека таа оценка е значително повисока од првичните прогнози за 1,3 милијарди евра.

Извештајот за штетите ќе биде основа за голема донаторска конференција во Брисел во првата половина на јули. Се очекува на таа донаторска конференција да се обезбедат околу една милијарда евра помош за БиХ.

Главниот дел ќе бидат најверојатно поволни кредити, а дел неповратна помош. Останатите средства БиХ треба сама да ги обезбеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top