| четврток, 6 декември 2018 |

Петмина повредени во превртен автобус кај Желино

nesreka
Од СВР-Тетово информираат дека пет лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила утрово на автопатот Скопје-Тетово во близина на наплатната рампа Желино, во која автобус излетал од коловозот.

Несреќата се случила утрово во 7.30 часот, при што автобус на „Евротурс“ од Гостивар кој сообраќал на релација Скопје-Тетово во непосредна близина на наплатната рампа во Желино, возачот изгубил контрола над возилото, излетал од коловозот и удрил во земјаниот насип покрај патот.

Од ударот со повреди се здобиле пет лица, тројца од Тетово и двајца од Скопје, како и возачот, кои веднаш биле пренесени во тетовската Клиничка болница, пренесува Телеграф.мк.

Повредите на патниците се со полесен карактер и тие се пуштени на домашно лекување, додека возачот е задржан поради понатамошно следење на неговата состојба.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата и работи на утврдување на причините за нејзиното настанување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top