Заменик-претседателот на германската Сојузна криминалистичка служба (БКА), Јирген Шток (54) би требало од следната година да биде нов шеф на меѓународната полициска организација Интерпол, објави денеска германскиот таблоид „Билд“.
Шток е именуван за кандидат, а одлуката за именување на Германецот на чело на Итерпол би требало да биде донесена во ноевмри на Генералното Собрание на меѓународната полициска организација.
Според податоците на Интерпол, Шток е меѓу петте други кандидати од Франција, од Индија, од Италија, од Јордан и од Велика Британија.
Шток на функцијата ќе го наследи Американецот, Роналд К. Нобл кој по речиси 15 години заминува од местото шеф на Интерпол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



