Оскар за најдобра машка улога доби Даниел Деј Луис за улогата во историскиот спектакл „Линколн“, а најдобра женска актерка е прогласена Џенифер Лоренс за улогата во романтичната комедија „Во добро и во зло“.
Едно од најголемите изненадувања на вечерта беше првата дама на САД Мишел Обама која од Белата куќа директно се вклучи при прогласувањето на најдобриот филм за оваа година и заедно со Џек Николсон го прогласија „Арго“ за филм на годината.
На 85-тото доделување на филмски награди без оскар остана Стивен Спилберг, а статуетката за најдобра режија отиде во рацете на Анг Ли.
Маестралниот Квентин Тарантино доби Оскар за најдобро оригинално сценарио, а Ен Хатавеј за најдобра споредна улога.
Оскарот за најдобра обработка на звукот го поделија новото остварување за Џејмс Бонд, Скајфол и за убиството на Бин Ладен.
Сите добитници на „Оскар“ може да ги прочитатите тука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



