| четврток, 6 декември 2018 |

Карзаи ги избрка американските специјалци од провинцијата Вардак- мачеле и убивале цивили

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи им нареди на специјалните сили на американската војска во рок од две недели да ја напуштат провинцијата Вардак по обвинувањата кои излегоа во јавноста за насилни киднапирања и мачење на девет цивили.

–       Девет луѓе исчезнале во операција извршена од оваа сомнителна единица, а во одделен случај студент бил киднапиран од дома. Два дена подоцна, неговото мачено тело со пресечено грло е најдено под мост, обвинил гувернерот на оваа област.

Американската војска негира вмешаност на нејзините војници во овие случаи. Портпаролот на војската на САД рекол дека обвинувањата се сериозни и дека така ги сфаќаат, но не можел да соопшти други детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top