| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија на украинскиот гасовод, не е исклучена можноста од терористички напад

Силна експолозија се случи денеска на гасоводот во Украина, преку кој рускиот гас се доставува на европските клиенити, а украинското Министерство за енергетика наведува дека постои можност да се работи за „терористички напад“.

gasovod

-Разгледуваме повеќе можности, вклучувајќи ја и главната, тероризмот – соопшти вршителот на должност, министер за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков.

Гасоводот Уренгој-Помари-Ужгород е оштетен во Полтавската област, но никој не е повреден во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top