| четврток, 6 декември 2018 |

Четириесет години затвор за убиецот на српската манекенка

Судот во Нови Сад денеска го осуди Даријан Мусиќ (27), за убиство од прв степен и му одреди мерка затвор од 40 години. Комората пресуди дека Мусиќ е виновен за убиство со предумисла, бидејќи тој бил свесен за своите постапки кога до смрт ја претепал својата поранешна девојка, Владислава Червенко.

Music

Врз основа на вештачењето, 25-годишната Червенко починала најмалку 10 минути по примените повреди од повеќе од 50 силни удар и претрпена болка рангирана со 10, на скала од еден до 10.

Телото  на српската манекенка беше пронајдено во ноември 2012 година, во стан во Нови Сад. Полицијата веднаш го уапси нејзиното момче, кој беше единствен осомничен за злосторот.

Мусиќ во јули минатата година, првично беше осуден на 35 години затвор, но по жалбата на неговите адвокати, Апелациониот суд ја поништи одлуката, бидејќи дошло до „битни повреди на кривичната постапка“ и нареди повторно судење во првостепениот суд.

Повторното судење почна во март, но беше затворено за јавноста заради претставување на новите, вознемирувачки детали за злочинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top