| четврток, 6 декември 2018 |

Јадете сладолед, добар е за здравјето

На многумина сладоледот им е омилен десерт, а освен тоа што во летниот период разладува, тој придонесува и за подобро здравје.

На возрасните дневно им се потребни околу 1.000 мг калциум, додека бремените жени и деца имаат зголемена потреба за овој минерал. Поради млекото и слатката павлака како основни намирници во производството на сладолед, овој десерт добро ќе послужи како еден од изворите не само на калциум, туку и на витамините А и Б.

Сладоледот, исто така, помага и за одржувае на телесната тежина. Овошниот леден десерт кој се подготвува од замрзнато или свежо овошје содржи многу витамини, додека оној со вкус на кафе и чоколадо, доколку навистина се подготвува од вистински зрна кафе и какао, обезбедува доза од антиоксидансот полифенол, кој го штити срцето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top