Гушкањето го стимулира лачењето на двата најважни хормони за расположението. Секогаш е добро да се најдеш во прегратката на некоја драга личност, но дознајте што му се случува на телото кога се гушка? Гушкањето го стимулира лачењето на двата најважни хормони за расположението – окситоцин и кортизол, тврдат австралиските научници.
Првиот е уште попознат како хормон на среќата и најмногу се лачи за време на породувањето или за време на доењето, а по гушкање неговата концентрација расте, додека хормонот кортизол, кој е предизвикан од стресот, значително опаѓа. Ако се најдете во прегратките на некого кој го сакате барем дестина минути, ќе се чувствувате подобро, порасположено, напнатоста ќе исчезне, а и нема да чувствувате замор.
Исто така, високиот крвен притисок опаѓа, што е добро за срцето. Прегратката го зајакнува имунитетот, ја намалува болката, покажало истражувањето спроведено на 60.000 испитаници.
Хормонот на љубовта поттикнува друштвено поврзување и позитивни емоции, ги зближува мајките со децата за време на породувањето и стимулира лачење млеко, а во исто време овој хормон подмалдува и ги зајакнува мускулите. Најголемите промени во нивото на окситоцинот се случуваат по гушкање меѓу двајца вљубени, но и прегратките меѓу блиски пријатели го даваат речиси истиот ефект.
Дневно, птребни ни се најмалку 8 прегратки, а со 12 можете да напредувате во кариерата, тврдат научниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.