Адријана Лима беше во Бразил на отварање на Светското првенство во фудбал, а од обврските кои таму ги имала како една од ВИП промоторите, се одмараше во Мајами. Убавицата се бањаше и сончаше на плажа, но не ја пропушти можноста да биде максимално средена, па носеше бразлетни и обетки, при тоа не симнувајќи ги очилата за сонце.
Друштво и правеле пријателите, додека Марко Јариќ, за тоа време се грижел за нивните ќерки.
Кошаркарот сликата со своите две девојчиња, Валентина и Сиена ја постави на Инстаграм: Нема ништо поубаво од ова-напишал, алудирајќи на своите деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.