Во сообраќајната несреќа која минатата недела српската пејачка и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ ја доживеаја враќајки се од Виена, Драгана Мирковиќ заработи тешка повреда на грбот и во моментот се наоѓа во болница.
Според српски „Ало“, по прегледот кај специјалист, дијагностицирана е тешка повреда на долниот дел на грбот, поради кој Мирковиќ ќе мора да мирува три месеци.
– Иако беше соопштено дека Драгана и Тони се полесно повредени, ситуацијата е сепак поинаква. Веднаш по несреќата и деталниот преглед, докторите одлучија таа да остане во болница, а според грубите пресметки, ќе се опоравува околу три месеци – изјави за „Ало“ нејзин близок пријател.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Верица Илиќ ја спасила Драгана Мирковиќ од силување кога имала 16 години
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил