| четврток, 6 декември 2018 |

Масакр во Кенија – убиени 48 лица додека го гледале Мундијалот

Вооружена група од педесетина лица синоќа уби 48 луѓе во кенискиот град Мпенкетони, соопштија денеска властите во Најроби.

Жртвите биле собрани во кафулињата и хотелите  на туристичкиот град, каде го следеле преносот на Светското првенство во фудбал, а подоцна биле убиени пред очите на своите семејства.

Според очевидците, жртвите пред да бидат елиминирани биле подложени на јазичен и религиозен тест. Убиени биле тие што дале погрешен одговор. Напаѓачите ги елиминирале оние кои не биле муслимани или не го зборувале сомалискиот јазик.

Кенијката Ан Гатити изјави дека напаѓичите ѝ дошле во домот и го убиле нејзиниот сопруг откако тој изјавил дека неговото семејство е христијанско.

At least 48 reported killed in attack on Kenyan coastal settlement

Друг жител, Џон Ваверу изјави дека неговите двајца браќа се убиени откако им кажале на напаѓачите дека не го зборуваат сомалискиот јазик.

Градот Мпенкетони се наоѓа во близина на границата меѓу Кенија и Сомалија.

На слични религиозни тестови беа подложени и жртвите од трговскиот центар „Вестгејт“ во Најроби, при минатогодишниот напад.

Одговорноста за нападот ја презеде сомалиската исламистичка вооружена група Ал Шабааб, која е поврзана со
Ал Каеда .

49 people reported killed in attack on Kenyan coastal settlement

Ал Шабаб изјави дека масакрот е одмазда за акциите на кениската Влада, која според групата ги малтретира муслиманите и ги убива исламските духовни лидери, како и поради учеството на кениската армија во операцијата против Ал Шабаб во Сомалија.

Исламистичката група ги предупреди странците да не ја посетуваат Кенија бидејќи земјата ќе се претвори во воена зона.
Аш Шабаб забранува да се игра и да се гледа фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top