Македонецот Зоран Димов е нов премиер на сите Роми во светот. Четириесет и осум годишниот Димов е сопственик на телевизијата БТР и е избран едногласно за премиер на Светската ромска влада.
Тој има премиерски мандат од четири години со право на уште четири, раководи кабинет од четири вицепремиери, 17 министри и уште толку заменици и има обемна работа, за која не добива плата.
Конгресот на меѓународната организација на Ромите, на кој учествуваа Роми од 38 држави беше одржан во романскиот град Сибиу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.